ЕЛЕКТРОМОНТЕРСКИ РАБОТИ

Електромонтерските работи се основната дејност на нашата компанија и ние имаме успешно завршено голем број проекти. Обезбедуваме услуги како што се: договор за градење на основа „клуч на рака“, изградба на електроенергетски објекти, управување со распоредот на работа, управување со набавка на материјали, проектирање и теренска примена.

Односно, објекти за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија вклучувајќи кабли, кабелски траси, панели за низок и среден напон, трансформатори и генератори, громобранска заштита и заземјување, уреди за непрекинато напојување, дистрибутивни и контролни системи, осветлување на објектите вклучително и инсталации и уреди за регулирање. Тука се и системите со екстра низок напон, како што се: аларми за пожар, системи за јавно обраќање, обезбедување, централен часовник, контрола на пристап, SMATV и CCTV системи, а воедно и IT пасивната и активната инфраструктура е дел од нашата активност.

МЕХАНИЧКИ РАБОТИ

Паралелно со условите за развој, кои се појавија кога клиентите започнаа да ги бараат и електромонтерските и машинските работи како целосен електромеханички пакет, ние ги реструктуиравме, а воедно ги додадовме и механичките работи како наша примарна активност.

Во овој случај, взаемната координација и севкупните трошоци се под позитивно влијание од координирањето на две различни дисциплини на работа под еден сектор и клиентите немаат потреба да контактираат со повеќе сектори поединечно.

Исто така, во рамките на механичарските работи обезбедуваме услуги со „клуч на рака“ за изведба на климатизација, цевководи, системи за гаснење пожар, системи за домаќинство и системи за третман на отпадна вода.

ГРАДЕЖНИШТВО

Нашата компанија, којашто е основана во Украина, продолжува со своите активности во овој регион и изведува мали и средни градежни работи на основа „клуч на рака”.

Покрај тоа што изготвуваме понуди и вршиме изградба со „клуч на рака” за сите нови типови градби, вршиме и ревизија и поправка на постоечки градби.

ОПЕРИРАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

Освен тестирањето и пуштањето во употреба на нови капацитети, компанијата Новатек е исто така подготвена за оперирање и одржување на нови, односно постоечки капацитети, со што продолжува да им служи на своите клиенти.